Ве известуваме дека по објавувањето на Листата на учесници на Турнирот во Зелен Тенис, кој требаше да се оддржи викендов во организација на ТК Прилеп - Прилеп , добивме известување од организаторот дека не се во состојба да го организираат истиот, со што турнирот нема да се ОДДРЖИ. Сите учесници кои имаат вирмански уплатено за турнирот на трансакциската сметка на организаторот, средствата ќе им бидат вратени.
Исто така ТК Борец-Велес , поради мал број на пријавени играчи побара Турнирот Детски Тенис (Црвен и Портокалов Тенис), да се ОДЛОЖИ . Имено во рокот на пријавата беа пријавени само ,2 момчиња од ТК Југ, 2 момчиња и 1 девојче од ТК Круна - Гевгелија, 2 девојчиња од ТК Триумф - Штип , 2 девојчиња од ТК Борец за Портокалов Тенис, како и само 4-5 учесници од ТК Борец-Велес за Црвен Тенис.
Ве молиме за овие известувања да ги информирате вашите членови.
Поздрав,
Македонска Тениска Федерација
|