Вести
ТРЕНЕРСКИ КОМИТЕТ  30-08-2012
Почитувани тренери,
Почитувани клубови,

Тренерскиот комитет при МТФ дава објава за неколку настани кои ќе се случат следните 3 месеци. Подолу се комплетните информации, доколку имате дополнителни прашања Ве молам да ме контактирате(goransev@yahoo.com)

- Овогодинешниот симпозиум ќе се одржи во Хелсинки, Финска од 24 до 28 Октомври
- Како атачмент го имате официјалниот документ за Симпозиумот, бр. 1
- Сите заинтересирани можат да се пријават до 12 Септември 2012 на goransev@yahoo.com
- За дополнителни информации Ве молам да ме контактирате на мојот е-маил

СОСТАНОК НА ТРЕНЕРСКИОТ КОМИТЕТ
Состанокот ќе се одржи на ден 5 Септември во 12 часот, ТК ЈУГ Скопје
На состанокот ќе се разговара за:
- Престојниот семинар кој ке се одржи од 13 до 16 Септември 2012, информација за овој семинар во текстот подолу
- Информација за Спортската гимназија која ке започне со работа на 1 Септември 2012
- Престојниот курс за тренери од Ниво 1 во месец Ноември 2012
- Правилник за Тениски тренери
- Донесување заклучоци и закажување следен состанок

- Семинарот ке се одржи од 13 до 16 Септември 2012 во ТК ЈУГ Скопје
- Семинарот е како продолжение на досегашната едукација во склоп на проектот Тенис под 10 години
- На семинарот имаат право да учествуваат сите тренери кои работат во клубовите, минимум еден преставник. Бројката не е ограничена- Тема на семинарот ќе биде: Преод од Зелен на регуларен терен (10 кон 12 години), проблеми и решенија (како аттачмет ја имате програмата за Семинарот бр.2 и пријавниот лист бр.3)
- Семинарот ќе го води ИТФ експертот Проф. Др. Алеш Филипчиќ (неговата кратка биографија ќе ви ја проследиме за кратко)
- Семинарот ќе биде на Српско/хрватски јазик

- Семинарот ќе се одржи од 10 до 11 Ноември во Оточец, Словенија
- Семинарот ќе го води Иво Ван Акен од Белгија
- Подетални информации во атачментот бр. 5
- Сите заинтересирани да се пријават до 10 Септември 2012 на goransev@yahoo.com
- За дополнителни информации Ве молам да ме контактирате на мојот е-маил

За се понатаму Ве молам да ме контактирате.

Со почит,
Горан Шевченко
Тренерски комитет - Претседател
Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup