Почитувани,
Со оваа информација сакаме да појасниме некои работи врзани со овогодишните ваучери и реакциите кои се јавија од неколку лица а беа изразени на социјалните мрежи.
1. Начинот на апликација за ваучерите (спортисти) се извршува согласно Законот на данок на добивка од активен спортист и Правилникот за поблиските квалитативни и квантитативни критериуми за користење на средства од даночно ослободување (Сл. Весник на СРМ бр.5 од 10.01.2022 год), а со следниот редослед: - Националните спортски федерации (ТФСМ) добиваат допис за аплицирање за користење на средства од даночно ослободување (проект ваучери) од Агенцијата за млади и спорт на РСМ. - Барањата се испраќаат до клубовите кои ги проследуваат до своите членови/играчи кои треба да ги пополнат барањата, вратат до клубовите на проверка. Потоа клубот ги испраќа до федерација на конечно разгледување и бодување од тричлената комисија - Комисијата ја проверува веродостојноста на апликацијата и ги доделува бодови согласно критериумите кои ги пропишува АМС согласно законот за спорт и правилниците за категоризација на спортисти на АМС - На крајот ТФСМ испраќа предлог ранг-листа до АМС со целокупната документација - Овој процес на аплицирање е согласно законот и само на тој начин апликацијата е валидна.
Во целиот овој период на аплицирање клубовите максимално се вклучија во потребната комуникација со ТФСМ и во рок од само 7 дена колку што имавме ги доставија ваучерите на своите тенисери до ТФСМ.
2. Информација за начинот на бодување: резултатите и ранкингот се земаат за 2020-2021 година: - Критериум 1: Тим кој работи со тенисерите каде играчот може да добие максимални 10 бода. Најголемиот дел од играчите добија 10 бода. - Критериум 2: Кај овој критериум има можност за добивање бодови за 3 различни нивоа а) Светска категорија носи 50 бода, б) меѓународна категорија носи 35 бода, в) Национален шампионат носи 10 бода. За првите два потребно е решение од АМС кое се издава согласно правилникот за категоризација на играчи. Нашите тенисери односно најголемиот дел од нив добија по 10 бода кои се максимални. Кај овој критериум се земени и можат да бидат земени исклучиво резултатите на домашните турнири согласно правилникот за категоризација на спортисти на АМС. - Критериум 3: Кај овој критериум бодови се добиваат за остварен пласман на меѓународните турнири во последните 2 години. Играчите согласно нивото на турнирите добиваат 30, 15 или 10 бода. Минатата година најголемиот дел од играчите можеа да добијат за истите резултати максимум 10 бодови, веруваме дека ова е голем напредок. - Критериум 4: Тука бодувањето се извршува по принцип постигнат ранкинг во време траење од 2 години односно каде се наоѓаат тенисери на одредена ранг-листа (ИТФ, Теннис Еуропа, АТП, ВТА) и се доделуваат бодови согласно понудената табела од АМС. Тука верувам дека можеби најоштетени се тенисерите до 12 години поради тоа што кај нив нема ранкинг до 12, но затоа за нив има олеснување во Критериум 3.
Минатата година ТФСМ разговараше со дел од нашите најдобри тенисери како да го подобриме аплицирањето за ваучерите, каде беше слушнато нивното размислување. Кон крајот на минатата година ТФСМ проследи писмо до клубовите каде беше побарано од АМС да се дадат предлози со кои ќе се унапреди начинот на бодување за добивање на ваучери. Добивме еден официјален предлог а со дел од клубовите направивме разговор какво е нивното мислење за подобрување на бодувањето. Дојдовме до заклучок дека во делот кај меѓународни резултати треба да се обидеме сите турнири да добијат или европски или светски карактер со цел да се добијат повеќе бодови. После проверката на законот за спорт и неколку состаноци со претставници на АМС дојдовме до заклучок дека со промените во законот истото можеме да го направиме.
ТФСМ секогаш работи за подобрување на сите како што се покажа оваа година со проектот ваучери каде за разлика од минатата година (12 тенисери) оваа година 28 тенисери од вкупно 36 апликанти добија финансиска помош за 2022.
На крајот ќе напоменеме уште еднаш, ТФСМ е отворена за секакви конструктивни предлози доставени од самите клубови како што е статутарно предвидено, но и индивидуално со цел да се слушнат нови идеи и на крајот да се донесат правилни решенија.
Искрено, ТФСМ
|