Вести
Македонската репрезентација заминува во Софија Бугарија  27-04-2012

Почитувани,

Ве известуваме дека македонската Дејвис Куп репрезентација во Понеделник, 30,04,2012 година ке замине во Софија, Бугарија каде ке настапува на натпреварите од Третата Европска Зона.
Македонија на овој настан ке ја претставуваат:
1. Томислав Јотовски - 995 на АТП
2. Данил Зеленков - 1310 на АТП
3. Предраг Русевски - 1524 на АТП
4. Шендрит Деари- нема ранкинг
5. Дејан Маринковиќ- капитен на репрезентацијата

од лево кон десно: Дејан Маринковиќ, Данил Зеленков, Томислав Јотовски, Предраг Русевски и Шендрит Деари

Настанот е под покровителство на Светската Тениска федерација-ИТФ, а во организација на Бугарската Тениска Федерација.

 

Репрезентациите ке бидат сместени во Парк Хотелот Москва во Софија (+359 2 9711024), а натпреварите ке се играат во Бугарскиот национален тениски центар “Carlsberg” во Софија (+359 2 8780517).

Главен на организацијата на настанот е Г-динот Николаи Правчев од Бугарската тениска федерација, а главен судија на натпреварот и претставник на ИТФ е Шпанскиот судија Enric Molina. 

Од натпреварите е предвиден и директен телевизиски пренос преку BNT (Bulgarian National television), а натпреварите е предвидено да започнуваат во 11 часот, секој ден.

Целиот настан е предвиден да се одвива според следниот распоред:

1.                  Во понеделник, 30,04,2012 година пристигнување на репрезентациите од вкупно пријавени за учество 13 држави: Albania, Andorra, Armenia, Bulgaria, Georgia, Greece, Iceland, Lithuania, Malta, Macedonia, Montenegro, Norway, San Marino. Комплетните номинации на репрезентациите Ви ги доставуваме во прилог.

2.                  Вторник, 01,05,2012 година во 11 часот- Состанок на капитените на репрезентациите и веднаш по состанокот следи извлекување на групите.

3.                  Од Среда 02,05, до Петок 04,05,2012 година- Одигрување на натпреварите во групи. Предвидено е според бројот на пријавени држави -13, да се игра во четири групи од кои во три групи А, Б и Ц група, составени од по 3 репрезентации и групата Д составена од 4 репрезентации.

4.                  Носители на групите се:

·         Група А                            Литванија (57)                                  Група Б               Бугарија (65)

·         Група Ц                           Црна Гора (80)                                 Група Д                Грција (81)

·  Останатите држави ке се извелкуваат по групи и тоа: први се извлекуваат-Ерменија (82), Норвешка (87), Грузија (93), Андора (95), втори се извлекуваат – Исланд (98), Македонија (104), Сан Марино (107) и Малта(110) и последно извлекување Албанија (130)

5.                  Во Сабота 05,05,2012 година- победникот од групата А и групата Б ке се извлекуваат за да играат против победниците од групите Ц и Д. ПОБЕДНИЦИТЕ ОД ОВИЕ ДВА НАТПРЕВАРИ ЌЕ СЕ ПЛАСИРААТ ВО ВТОРАТА ЕВРО-АФРИКАНСКА ЗОНА ВО 2013 ГОДИНА.

6.                   Во Сабота 05,05,2012 година- Останатите од групите кои не се пласирани во ½ финалните натпревари ќе разигруваат за пласман од 5-то до 13-то место.

7.                  Во случај на промена и откажување од учество на некоја држава, ИТФ го има правото за промена на форматот на играње.

 

Комплетните резултати од натпреварите на кои ке настапува македонската репрезентација, но и останатите репрезентации ке се објавуваат на официјалната веб страна на Mакедонската Tениска Федерација www.mtftennis.mk и на официјалната веб страна за Дејвис Куп www.daviscup.com.

 

Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup