Вести
Курс за тренери од Ниво 1 (Coaching Beginner and Intermediate players course)  11-09-2020
Ве известуваме во врска со организација на Курс за тренери од Ниво 1 (Coaching Beginner and Intermediate players course), курсот е во организација на Тениската Федерација на Северна Македонија (ТФСМ), Интернационалната Тениска Федерација (ITF) и Македонскиот Олимписки Комитет (МОК).

Курсот ќе се одржи од 21 Септември до 2 Октомври 2020 година, клубот организатор ќе биде накнадно објавен.

Право на пријава имаат сите тренери кои веќе го имаат поминато “Play Tennis” или “Mini Tennis” курсот а кандидатите ќе бидат прифатени по редослед на прв пријавен прв избран. Максималната бројка на пријавени е 24 кандидати а рокот на пријава е 9 Септември 2020.

Кандидатите кои ќе ги положат сите тестови и задачи ќе добијат сертификат кој е признаен од ТФСМ и од ITF.

https://www.itftennis.com/en/news-and-media/articles/itf-introduces-new-coach-certification-programme/

Пријавата треба да се изврши на следните e-mail адреси: goransev@yahoo.com и gsanev@gmail.com. Откако ќе бидат примени сите пријави Тренерскиот комитет ќе ги извести сите кандидати кои се официјално примени и која е понатамошната процедура.

Прифатените кандидати треба да извршат уплата до 11 Септември 2020 година согласно информацијата подолу на следната Жиро сметка: 300 000 000 981 676, Банка депонент: Комерцијална банка АД Скопје.

1. Сите тренери кои го започнаа курсот во 2016 година а не го завршија треба да уплатат годишна лиценца од 2500 денари и 4000 денари за посетување на семинар согласно одлуките на ТФСМ. Назнака за уплата: Лиценца за 2020, семинар и име и презиме на кандидатот;

2. Сите тренери кои го завршија “Play Tennis” курсот оваа година треба да уплатат 6500 денари за учество на курс од Ниво 1 согласно одлуките на ТФСМ. Назнака за уплата: Курс за тренери Ниво 1 и име и презиме на кандидатот;

3. Сите останати тренери кои имаат завршено “Play Tennis” или “Mini Tennis” курс треба да уплатат годишна лиценца од 2500 денари и 6500 денари за учество на курс од Ниво 1 согласно одлуките на ТФСМ. Назнака за уплата: Лиценца за 2020 и Курс за тренери Ниво 1 и име и презиме на кандидатот

Одлуки донесени од ТФСМ:

http://www.mtftennis.mk/Upload/Content/Documents/2020/одлуки%20и%20правила/13.%20licenca%20treneri.pdf

http://www.mtftennis.mk/Upload/Content/Documents/2020/одлуки%20и%20правила/15.%20kotizacii%20za%20obuka%20treneri.pdf

На располагање сме Ви за сите прашања кои ги имате.

Тренерски комитет -

Назад
Баркод
Генерален спонзор
Цевитана
Златен спонзор
Спонзори
  • VALMIR CONSTRUCTION –DOOEL Skopje
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup