во врска со организација на Курс за тренери од Ниво 1 (Coaching Beginner and Intermediate players course), курсот е во организација на Тениската Федерација на Северна Македонија (ТФСМ), Интернационалната Тениска Федерација (ITF) и Македонскиот Олимписки Комитет (МОК).
Курсот ќе се одржи од 21 Септември до 2 Октомври 2020 година, клубот организатор ќе биде накнадно објавен.
Право на пријава имаат сите тренери кои веќе го имаат поминато “Play Tennis” или “Mini Tennis” курсот а кандидатите ќе бидат прифатени по редослед на прв пријавен прв избран. Максималната бројка на пријавени е 24 кандидати а рокот на пријава е 9 Септември 2020.
Кандидатите кои ќе ги положат сите тестови и задачи ќе добијат сертификат кој е признаен од ТФСМ и од ITF.
https://www.itftennis.com/en/news-and-media/articles/itf-introduces-new-coach-certification-programme/
Пријавата треба да се изврши на следните e-mail адреси: goransev@yahoo.com и gsanev@gmail.com. Откако ќе бидат примени сите пријави Тренерскиот комитет ќе ги извести сите кандидати кои се официјално примени и која е понатамошната процедура.
Прифатените кандидати треба да извршат уплата до 11 Септември 2020 година согласно информацијата подолу на следната Жиро сметка: 300 000 000 981 676, Банка депонент: Комерцијална банка АД Скопје.
1. Сите тренери кои го започнаа курсот во 2016 година а не го завршија треба да уплатат годишна лиценца од 2500 денари и 4000 денари за посетување на семинар согласно одлуките на ТФСМ. Назнака за уплата: Лиценца за 2020, семинар и име и презиме на кандидатот;
2. Сите тренери кои го завршија “Play Tennis” курсот оваа година треба да уплатат 6500 денари за учество на курс од Ниво 1 согласно одлуките на ТФСМ. Назнака за уплата: Курс за тренери Ниво 1 и име и презиме на кандидатот;
3. Сите останати тренери кои имаат завршено “Play Tennis” или “Mini Tennis” курс треба да уплатат годишна лиценца од 2500 денари и 6500 денари за учество на курс од Ниво 1 согласно одлуките на ТФСМ. Назнака за уплата: Лиценца за 2020 и Курс за тренери Ниво 1 и име и презиме на кандидатот
Одлуки донесени од ТФСМ:
http://www.mtftennis.mk/Upload/Content/Documents/2020/одлуки%20и%20правила/13.%20licenca%20treneri.pdf
http://www.mtftennis.mk/Upload/Content/Documents/2020/одлуки%20и%20правила/15.%20kotizacii%20za%20obuka%20treneri.pdf
На располагање сме Ви за сите прашања кои ги имате.
Тренерски комитет -